Чалханоглу и Лаутаро разговарале телефонски за да ја смират тензијата која ја создадоа

by riste
1 минути читање

Во изминатите денови, особено по елиминацијата од Флуминенсе, атмосферата во Интер е исклучително лоша, а се чини дека започна со барањето на Чалханоглу да го напушти клубот и да се пресели во Галатасарај.

Поделбите почнаа да се случуваат кога Лаутаро Мартинез јавно му испрати порака на Чалханоглу дека на Интер не му се потребни играчи што сакаат да си одат.

Турскиот фудбалер потоа излезе со свое видување на работите, а доби „лајкови“ и од некои други играчи, што беше само слика за лошата состојба во клубот.

Според „Газета дело Спорт“, Чалханоглу и Лаутаро зборувале на телефон за да ги надминат недоразбирањата, но тензијата останала.

Во меѓувреме Интер ги намали барањата за заминување на Чалханоглу, сега бараат 30 милиони евра за Турчинот.

Покрај Чалханоглу, Галатасарај сака да го купи и голманот Јан Зомер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×