Четврти меч по ред без победа за Тотнем во Премиерлигата, само реми од гостувањето кај Вулвс (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем веќе четврти натпревар по ред не успева да победи во Премиерлигата, овој пат одигра нерешено, 1-1 на гостувањето кај Вулверхемптон.

Натпреварот почна како што само можеше да посака Жозе Мурињо, Ндомбеле постигна гол во првата минута за водство на Тотнем од 1-0.

Како одминуваше натпреварот, Вулвс беше се поприсутен пред голот на Лорис, а Тотнем се обидуваше од контра напади да постигне втор гол. Таквата тактика не беше успешна.

Дефанзивниот пристап беше казнет во 86. минута кога по центаршут од корнер на Нето, Саис постигна гол со глава за конечени 1-1.

Тимот на Мурињо се обиде последните минути да ги искористи за да го врати водството, но не успеа, поблиску беше Вулвс до комплетен пресврт и победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани