191
Работите сега се променети, Санчо не игра во формата од минатата сезона, а се верува дека тоа значително ќе му ја намали високата сума која ја бараше Борусија Дортмунд.
Тие бараа 120 милиони евра, сума која Манчестер јунајтед не ја понуди иако нудеа повеќе од 100 милиони евра.
Следниот летен преоден рок се очекува цената на Санчо да не биде проблем за Манчестер јунајтед бидејќи таа може да падне и под 100 милиони евра, но „Мирор“ пишува дека конкуренцијата може да биде поголема.
Интерес за Санчо пројавуваат и гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен, но и неколку други клубови од Премиерлигата.