Челси праќа скаути по Перишиќ

by
0 минути читање

Перишиќ игра во одлична форма оваа сезона и е еден од главните играчи на Интер, Хрватот го привлекува вниманието на другите клубови. Информациите велат дека Челси е еден од најзаинтересираните.

Се зборува дека Челси е подготвен да понуди 35 милиони евра за Перишиќ, но од Интер беа децидни дека нема да го продадат хрватскиот играч.

„Мислам дека ниту Перишиќ ниту ние сакаме тој да замине. Тој е дел од нашиот голем проект и не сакаме да ги продаваме нашите најдобри фудбалери“ – изјави директорот на Интер, Пјеро Асулио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани