Челси под будно око ја следи ситуацијата со Донарума во Милан

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат се вели дека Челси под будно око ја следи
ситуацијата околу договорот на Џанлуиџи Донарума со Милан, откако голманот на
лето би можел да биде слободен играч на трансфер пазарот доколку ништо не се
промени на таа тема.

„Еуроспорт“
известува дека преговорите помеѓу Донарума и Милан изминативе неколку седмици
се во застој, што воедно го вклучи алармот во Челси за да реагираат во обидот
да дојдат до посакуваниот потпис, а со тоа да го затворат прашањето со
голманската позиција во својот состав.

И покрај тоа што
се наведуваше дека приоритет за Челси на лето ќе биде засилување во одбраната и
нападот, сепак ситуацијата со Донарума може за момент да го промени нивниот
правец по тоа прашање.

Тоа што Донарума
се поврзува со Челси, дополнително ја става иднината на Кепа Аризабалага во тој
клуб, а дилема е секако дали Едуард Менди е опција за подолг рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани