Челси по седум години се радува на Сент Џејмс Парк (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси по пауза од
седум години се радува на Сент Џејмс Парк, попладнево „Сините“ победија со 1-2.
Клубот од Стемфорд Бриџ имаше импресивна статистика од 913 додавања и посед на
топката од над 81%, но до трите бода стигна на „мускули“.

Резултатот беше отворен
во 76. минута кога Азар реализираше пенал кој беше досуден под сомнителни
околности. Њукасл сепак брзо се врати и преку Хоселу изедначи на 1-1 во 83.
минута.

Но пред крајот на
мечот, Једлин си постигна автогол во обид да го сопре обидот на Алонсо, за три
од три на Челси на стартот од новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани