Челси не ни размислува на титулата? За тоа говори изјавата на Азар

by
1 минути читање

Челси се одвои на
минус седум во однос на лидерот во Премиерлигата, и бранител на титулата во тој
шампионат, Манчестер Сити, по поразот кај Тотенхем со 3-1 во 13 коло изминатиов
викенд.

Ова беше прв
пораз за Челси сезонава, а првата ѕвезда на тимот, Еден Азар ги откри амбициите
на клубот за тековната сезона, Белгиецот вели дека се размислува како да се заврши
во топ четири на табелата, а во однос на битката за титулата, тој веројатно
јасно гледа во Манчестер Сити број еден претендент за тоа.

Ние размислуваме
на тоа да завршиме во топ четирите екипи, не да бидеме шампиони. Ние сме свесни
за тоа дека Сити не е до толку подобар од Челси, но, тие се во моментов подобри
од нас
“ вели тој.

Во кои аспекти
Сити е подобар? Многу… Поседот на топката, кога имаат шанси за гол, ги
користат, можеби и на дефанзивен план се подобри, имаат доста квалитетен
состав…
“ заклучи Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани