Челси ќе му го даде Сари гратис на Јувентус доколку „Старата дама“ купи еден играч

by
1 минути читање

Маурицио Сари е прв фаворит за кормилото на „Старата дама“ и синоќа дури се појавија гласини дека двете страни си подале рака за тригодишен договор и плата од 7 милиони евра по сезона.

И покрај тоа што иднината на Италијанецот на Стемфорд Бриџ со месеци е под голем знак прашалник, Челси бара обесштетување од 5-6 милиони евра.

„Сините“ сепак се подготвени да му го дадат Маруцио Сари гратис на Јувентус доколку „бјанконерите“ во пакет го купат и Жоржињо. Бразилецот со италијански пасош е миленик на тренерот и слична зделка беше реализирана минатото лето кога двајцата го напуштија Наполи и се преселија во Лондон.

Сепак, Јувентус не е заинтерсиран за фудбалерот од средниот ред и веќе му дал задача на агентот Фали Рамадани да пронајде дил со „сините“ за сумата која ќе треба да биде платена за да се ослободи Маурицио Сари од договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани