Денеска во
Лондон, агентот Фали Рамадани имал средба со Марина Грановскаја за да се
разреши иднината на Маурицио Сари, кој е желба на Јувентус за наследник на Макс
Алегри.
Вечерва пристигна
информација дека клубот од Стемфорд Бриџ се сложил да го ослободи Италијанецот од договорот.
Претходно се
пишуваше едка Челси бара 5 милиони фунти, односно околку шест милиони
евра, и Марина Грановскаја не попушта во преговорите, но според Алфредо Педула, „сините“ се сложиле да го исполнат ветувањето кое му го дале на Маурицио Сари пред
неколку недели, па стратегот ќе има одврзани раце да потпише за Јувентус.
Новинарот на
Спортиталиа е близок пријател на Маурицио Сари и е прилично добро упатен кога се
во прашање вестите поврзани со стратегот.