Челси има „џокер во ракавот“ доколку не успее да го договори Халанд

by
1 минути читање

Во Челси сериозно
ја разгледуваат можноста да го вратат напаѓачот Ромелу Лукаку кој доста успешно
го носи дресот на Интер во моментов, каде на 62 меча постигна одличен учинок од
42 постигнати погодоци.

Статистиката вели
дека Лукаку погодува при секој трети обид за „Нероаѕурите“, што е импресивен
учинок за Белгиецот, кој се наведува како алтернативна опција за Челси, кој
доколку не успее во намерата да го ангажира Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд,
Белгиецот би бил прв пик, наведува „Гардијан“.

Инаку Лукаку
претходно на свои 18 години се приклучи на Челси во 2011 година, меѓутоа не
успеа да се наметне, по што следеше позајмица во Вест Хем, а потоа и во
Евертон, каде покажа што знае и умее.

Во 2014 година Жозе Мурињо одлучи дека не му е потребен, па да следи и официјална продажба на Белгиецот во
Евертон, каде на 110 меча постигна 53 погодоци, за веќе во 2017 година да следи
трансфер во Манчестер јунајтед каде на 66 меча постигна 28 погодоци, а од 2019
година е во дресот на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани