Челси и Реал договорија рекорден трансфер, Еден Азар во Мадрид за речиси 150 милиони евра!

by
1 минути читање

Вчера од Шпанија
пристигна вест дека часови се во прашање за трансферот на Еден Азар на
Сантијаго Бернабеу. Двата клуба си подале рака за 100 милиони евра и во скоро
време ќе пристигне официјално соопштение.

Попладнево слична сторија пренесоа и голем број извори од Англија. Скај Спортс, Телеграф и уште
неколку други медиуми објавија дека паднал договор за рекордна зделка за двата
клуба

Почетната сума
која Реал Мадрид ќе ја плати е околу 88 милиони фунти или 100 милиони евра. Но
„сините“ вметнале и неколку лесно остварливи бонуси и на крајот може да добијат
високи 130 милиони фунти, или речиси 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани