Челси дал зелено светло за продажба на Жиру, во Милано на готовс

by
1 минути читање

Премиерлигашот
Челси наводно дал зелено светло за продажба на францускиот напаѓач Оливие Жиру
во јануарскиот преоден рок, а за него особено голем интерес има од два тима во
Италија.

33 годишниот
Французин подолг период се шпекулира дека е на излезна врата од Лондон, особено
откако го загуби првотимскиот статус, таму незаменлив е младиот Абрахам кој
игра во неверојатна форма, а сето тоа се случи по доаѓањето на Лампард на
клупата на „Сините“.

Според
неофицијалните информации кои подолг период кружат низ одредени медиуми во
Италија, се вели дека Милан и Интер се двете најзагреани екипи за услугите на
Жиру, а обата клуба ќе направат обиди да го доведат Французинот во своите
редови уште во јануари.

Се верува дека
раководството на Челси веќе дало зелено светло за продажба на Жиру на
полусезоната, а наводно клубот ќе прифати обештетување од околу 5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×