161
Бранителот на
титулата во најсилниот италијански фудбалски шампионат, Јувентус, според
очекувањата вчера го совлада СПАЛ на домашен терен со 2-0, во рамките на 13
коло од Серија А.
Водечкиот гол за
домаќините го постигна Роналдо во 28. минута, а конечниот исход од средбата во
Торино го постави Манџукиќ во 60. минута.
Интересно е тоа
што навивачите на Старата Дама со еден збор ја поздравија првата ѕвезда на тимот
по неговиот гол, истиот е „SI“, што во превод значи „ДА“.