Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин јасно вели дека е во целост против т.н. „Суперлига“, тој дополнително тврди дека идејата за „Супершампиони“ првично е на некој начин промовирана од страна на
италијанските медиуми.
Првиот човек на
европскиот фудбал интервенираше во дискусијата околу фамозниот проект кој крена
голема прашина, а истовремено и се согласи дека тој проект би го уништил
фудбалот, меѓутоа, Словенецот наведе дека сево ова не е сериозна дискусија, од
причина што не верува дека ќе дојде до таква реализација.
„Постои навистина
добра соработка помеѓу нас и првенствата, најпозитивното нешто во моментов е
фактот што постои добар дијалог, а воедно и солидарност“ вели Чеферин за „Спортлаб“.
„Така наречениот
проект Супершампиони е изум на некои клубови, а воедно и на италијанските
медиуми, тоа не е наша идеја, најмалку предлог“ додава тој.
„Тоа би било еден
од најздодевните проекти во светот, само два или три клуба говорат за тоа, тие
веруваат дека заслужуваат повеќе од останатите, кои всушност освојуваат малку,
а веруваат дека би можеле да бидат шампиони во Суперлигата“ подвлече Чеферин.
„Како и да е, ова
не е сериозна дискусија, сиве овие идеи би го уништиле фудбалот, силно се
спротиставувам на една таква идеја, а идејата за Супер шампиони во голема мера
е изум на италијанските медиуми“ заклучи Чеферин.