Чеферин: Сигурен сум дека фудбалот ќе се врати со навивачи наскоро

by
1 минути читање

Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин вели дека ситуацијата со Ковид-19 не е алармантна,
барем не за европската куќа на фудбалот, која не се наоѓа во загрозувачка
ситуација, не крие дека ќе се загубат милиони, милиони долари.

Постојат многу
информации кои ги разгледуваме во поглед на пандемијата, исто така постојат и
проблеми со календарот, така, многу милиони, и милиони, стотици милиони долари
ќе се загубат
“ вели Чеферин во интервјуто за „Гардијан“.

Во ваков период
тешко е да заспиете навечер, би биле помалку неодговорни доколку успеете да
заспиете веднаш, но, ситуацијата за УЕФА не е алармантна, не сме во опасна
ситуација, но се уште водиме грижа за клубовите и првенствата, постои многу
работа и активности од наша страна
“ додава Словенецот кој воедно е оптимист
дека стариот добар фудбал наскоро ќе се врати, и тоа со навивачи.

Ова е сериозна
ситуација, но веројатно опаѓа во моментов, ние сме внимателни по ова прашање,
сега знаеме многу повеќе за вирусот, а јас лично сум оптимист, не сакам
апокалиптични гледишта, ние сме подготвени и постојано ги следиме инструкциите
од властите, но, во едно нешто сум сигурен, дека фудбалот, оној стариот добар
фудбал ќе се врати со навивачи наскоро
“ вели Чеферин.

Европските првенства
и натпреварувања се суспендирани од март па наваму, а прва од поголемите
првенства која продолжи е германската Бундеслига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×