Барселона е во
потрага на нов тренер откако Луис Енрике соопшти дека нема да го продолжи
договорот и по крајот на сезоната ќе замине.
Шампионот на
Шпанија се поврзува со голем број имиња, а како кандидат се споменува и
легендата Чави.
Во разговор со Ла
Парисиен, Чави признава дека посакува да седне на тренерското столче на Камп Ноу,
но вели дека е невозможно да го наследи Луис Енрике.
„Да станам тренер
на Барселона ми е сон” –
вели Чави. „И работам на тоа сонот да стане јаве. Работам на тоа да ги добијам
потребните лиценци”.
„Исто така, треба
да научам многу работи за да можам да се справам во соблекувалната со 25
играчи, тренерскиот персонал и медицинскиот персонал”.
Запрашан за
можноста да го наследи Луис Енрике на крајот од сезоната, Чави додава: „Невозможно
е да го заменам Енрике. Не сум ги положил испитите”.
„Се уште се
гледам себеси како фудбалер а не како тренер. Следната сезона ќе бида мојата
последна како играч”.
„Потоа ќе видиме
што ќе се случи”.