Часови го делат Роналдо од Јувентус, ФИАТ ќе помогне за да се заобиколат правилата за ФФП

by
1 минути читање

Иднината на Кристијано Роналдо и денеска е топ тема на медиумите ширум Европа. Според португалскиот весник Рекорд, часови го делат ЦР7 од трансфер во Јувентус.

Вчера имаше итна средба помеѓу Флорентино Перез и Жорж Мендеш, средбата траела до раните утрински чаосви, и според Рекорд, Роналдо дефинитивно ја затворил вратата за Реал Мадрид.

Сега само се чека да пристигне официјална понуда од Јувентус вредна 100 милиони евра, сумата за која на почетокот од годината бил постигнат вербален договор помеѓу управата на Реал и агентот на играчот дека е доволно за ЦР7 да замине од Сантијаго Бернабеу.

Рекорд исто така вели дека Кристијано Роналдо ќе потпише спонзорски договор со ФИАТ со кој ќе треба да се тргне дел од товорат на Јувентус за платата од 30 милиони евра по сезона и да се заобиколат правилата за Финасиски фер плеј бидејќи со вакви примања, ЦР7 ќе заработува четири пати повеќе од играчот кој во моментов е најплатен во редовите на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани