Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека Манчестер јунајтед пријавува
заинтересираност за услугите на Хакан Чалханоглу од Милан, а „Црвените ѓаволи“
наводно се подготвени да му понудат пет годишен договор.
Турскиот
плејмејкер е веќе во последната година од својот актуелен договор со „Росонерите“,
а медиумите во Италија веќе известија дека во преговорите барал 6 милиони евра
плата по сезона, 26 годишниот фудбалер дури се поврзуваше со лутиот градски
ривал Интер.
Чалханоглу прави предавство, фудбалерот на Милан понуден на Интер?!
Во Италија
пишуваат дека Чалханоглу е фрустриран од понудата од Милан за нов договор
според кој би заработувал 2.8 милиони евра по сезона, што е далеку од неговите
барања, или поточно двојно помалку од тоа што тој го посакува.
„Газета дело
Спорт“ наведува дека Манчестер јунајтед е еден од посериозните кандидати за
неговиот потпис, а воедно Премиерлигашот е истовремено и подготвен да му понуди
мошне повисока плата од Милан.