27 годишниот
Хакан Чалханоглу сезонава на 24 настапи за Милан успеа да постигна два
погодоци, но истовремено да запише уште и девет асистенции, меѓутоа моторот на
„Росонерите“ би можел да си замине на лето од причина што не постојат позитивни
сигнали дека ќе потпише нов договор, актуелниот му истекува во јуни.
Преговорите
помеѓу обете страни се во застој, а во Италија наведуваат дека Јувентус
сериозно размислува да повлече потег за да го добие потписот на турскиот
репрезентативец кој може да си замине без никакво обештетување.
„Скај Спорт
Италија“ објави дека Чалханоглу се уште не постигнал договор со Милан во
преговорите за нов договор, каде тој бара годишна плата од пет милиони евра, а
клубот му нуди еден милион евра помалку.
Истовремено
наведениот медиум додава дека „Старата дама“ сериозно рамизлува да тргне по
потписот на Чалханоглу, за кого интерес постои воедно и од Премиерлигата,
односно Арсенал и Челси, клубови кои под будно око ја следат ситуацијата со
него.