Чаби Алонсо кариерата ја заврши во 2017 година во Баерн Минхен, потоа ги помина тренерските курсеви и стана тренер во младинците на Реал Мадрид.
Од 2019 година Алонсо го презема кормилото на вториот тим на Реал Сосиедад, а сега информациите велат дека од следната сезона ќе биде тренер на Борусија Менхенгладбах што ќе биде негов прв голем предизвик.
„Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Борусија Менхенгладбах, постигнат е договор, тој ќе му се приклучи на клубот од јуни и ќе го завземе местото на Марко Росе“, вели познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо.
Во една прилика Жозе Мурињо беше запрашан кој од неговите поранешни фудбалери мисли дека ќе бидат големи тренери, а тој како голем потенцијал за успешен тренер го посочи токму Чаби Алонсо.