Според
информациите кои ги објави „Д Атлетик“, неколку фудбалери на Вотфорд одбиваат
да се вратат на тренинзите откако клубот потврди дека од шесте позитивни случаи
од првиот бран тестирања за коронавирус во Премиерлигата, три случаи доаѓаат
токму од овој клуб.
Самиот капитен на
тимот, Трој Дини објави дека нема да се појави на вчерашниот предвиден тренинг,
наведувајќи дека не се чувствува безбедно, и тоа најмногу поради грижа за
здравјето на неговиот син, кој имаше проблеми со дишењето.
Фудбалскиот,
односно не-фудбалски персонал во Премиерлигата беше подложен на тестирања за
Ковид-19 во неделата и понеделникот, беа реализирани вкупно 748 тестирања, а од
истите произлегоа шест позитивни случаи, или 0.8%, а освен Вотфорд, Барнли исто
така беше отворен за јавноста да обзнани дека нивниот асистент тренер Јан Вон
бил еден од шесте позитивни случаи.
„Д Атлетик“
пишува дека повеќе фудбалери од составот на Вотфорд му се приклучиле на
капитенот Дини поддржувајќи го во неговиот став да одбие да тренира откако биле
информирани вчера наутро дека еден анонимен фудбалер и двајца членови на
стручниот штаб биле заразени со вирусот, па веќе информирале дека нема да се појават на предвидениот тренинг утрово.
Оние кои се
заразени со Ковид-19 во Вотфорд се верува дека се во добра состојба, но им
претстои самоизолација од седум денови, а тие ќе бидат подложни на нови
тестирања во периодот кој претстои.