Бундеслигаши, Лион и Панатинаикос заинтересирани за напаѓачот на Македонија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот напаѓач Елмин Растодер зад себе има фантастична сезона во дресот на Тун, откако клубот веднаш по враќањето во елитата сензационално стигна до шампионската титула во Швајцарија. Оваа сезона Растодер постигна 13 гола и беше еден од лидерите на тимот до титулата.

22-годишниот напаѓач има уште една година од договорот со швајцарскиот шампион, а раководството на клубот сака да ја продолжи соработката. Сепак, ситуацијата дополнително се комплицира поради сериозниот интерес од странство.

Според последните информации, Панатинаикос веќе испратил понуда за ангажман на Растодер, додека во трката се вклучил и Лион, кој започнал преговори за можен трансфер во летниот преоден рок. Германски медиуми пренесуваат дека интерес има и од неколку клубови од Бундеслигата, кои внимателно ги следат случувањата околу македонскиот напаѓач и подготвуваат конкретни понуди.

Тун сега се наоѓа пред важна одлука. Клубот може да заработи од продажба уште ова лето или да ризикува Растодер следната година да замине без обештетување како слободен играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×