Кинси Волански се
стекна со светска слава откако влезе на теренот за време на финалната пресметка
од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотнем и го прекина мечот за кратко.
Бујната блондинка
говорејќи за таа ноќ откри дека од тогаш па наваму постојано добивала пораки од
фудбалери на Ливерпул, но, не откри за кои станува збор.
„Нема да откривам
имиња, но, неколку фудбалери на Ливерпул ми пратија приватни пораки, практично
флертуваа со мене откако влегов на тој натпревар“ вели Волански за „Сан“.
„Еден дури и ми
испрати пораки со срце а друг ми рече ‘Те видов на натпреварот’“
додава таа.
„Да бидам
искрена, јас дури не знаев за кого станува збор се дури не ги отворив нивните
профили, не одговорив, бидејќи имам дечко“ заклучи Волански.