Поминаа цели 17
години откако Џанлуиџи Буфон стави потпис на договор со италијанскиот гигант
Јувентус, во чии редови дојде од екипата на Парма, денес беше последниот негов
ден минат во тимот од Торино, а тој испрати доста емотивна порака по тој повод.
„17-те години
минати како Бјанконер, официјално завршуваат денес. 17 години пријатели,
соиграчи, победи, порази, трофеи, зборови, лутина, разочараност, среќа и толку
многу емоции. Никогаш нема да заборавам ништо од ова. Секогаш сиве овие моменти
ќе бидат во мене“ напиша Буфон на социјалните мрежи.
ПСЖ е една од
опциите кои ги има легендарниот италијански голман, а францускиот прволигаш се
споменува и како заинтересиран клуб за услугите на Бонучи, доколку дојде до
тоа, екипата од Париз би го споила дуото во еден ист тим како претходно во
редовите на Старата Дама.