Буфон одбил богатство од Манчестер Сити, а Фергусон подолг период го следел со скаути

by
1 минути читање

Џанлуџи Буфон
открива дека одбил висока понуда од Манчестер Сити во периодот додека бил во
редовите на Јувентус, а искусниот голман не крие дека долг период бил следен од
поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

Италијанецот беше
интервјуиран од страна на Рио Фердинанд за БТ Спорт, а воедно говореше за тоа
како привлекол интерес кај двата градски ривали, Манчестер Сити и јунајтед во
текот на неговата кариера.

Кога играв во
Парма, Алекс Фергусон ме следеше одблизу две или три години, тој секогаш
праќаше скаути за да ме следат, во тоа време, Парма беше мојот свет и јас не ни
помислував да си заминам
“ откри Буфон.

Подоцна имав
многу висока понуда од Манчестер Сити, кога тие почнаа да го градат тимот, а
воедно и станаа многу важна екипа во Европа, тие посакуваа јас да им бидам прво
засилување, но, останав во Јувентус
“ додаде Италијанецот кој во моментов
настапува во редовите на ПСЖ.

41 годишниот
Буфон го напушти Јувентус по долги години за да му се приклучи на ПСЖ минатото
лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани