Бруно Фернандеш откри зошто ги одбил милиони од Саудиска Арабија, едно прашање било клучно

by bojan
1 минути читање

Бруно Фернандеш раскажа како еден разговор со сопругата Ана Пињо помогнал тој да ја одбие лудата понуда од Саудиска Арабија и да остане во Манчестер јунајтед.

Изминатово лето, Бруно Фернандеш беше мета на Саудиска Арабија, најсериозно загриза Ал Хилал кој презентираше луда понуда и можност Португалецот да заработи преку 230 милиони евра за три години.

Сепак, фудбалерот од средниот ред реши да остане на Олд Трафорд, а сега пред натпреварот број 300 во дресот на „ѓаволите“, тој откри дека еден разговор со сопругата Ана Пињо направил голема разлика.

„Ме праша дали сум остварил се што сакав во Манчестер јунајтед… и добро знаеше дека не сум“ – вели Бруно Фернандеш.

„Целта е да ја освојам Премиерлигата и Лигата на шампионите, да можеби никогаш нема да не го остварам ова, но ако не се обидам, тогаш со сигурност нема да успеам“.

На Бруно Фернандеш исто така му се допаднало тоа што Манчестер јунајтед не потрчал по парите и можноста да инкасира околу 100 милиони фунти.

Раководството на клубот му објаснило дека тој е важен дел од плановите, и во ниту еден момент не му кажале дека целта им е да ја наполнат клупската каса со негова продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×