Бруно Фернандеш има тајна откупна клаузула?!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува БиБиСи, во договорот на Бруно Фернандеш има откупна клаузула според која Португалецот може да биде купен за 65 милиони евра (нешто под 57 милиони фунти), но важи само за клубови надвор од Англија.

Ал Хилал изминатово лето понуди околу 100 милиони фунти за ангажман на Бруно Фернандеш, но Португалецот одби да се пресели во Саудиска Арабија и покрј тоа што имаше можност да заработи фантастични 200 милиони фунти во период од три години.

Се очекува летоска Арапите повторно да тропнат на вратата на Бруно Фернандеш, а како што пренесува БиБиСи, тие ќе можат да го ангажираат по далеку поповолни услови.

БиБиси вели дека во договорот на Португалецот има откупна клаузула која може да биде активирана летото во 2026 и тоа со сума од 65 милиони евра (нешто под 57 милиони фунти).

Неговиот договор со Манчестер јунајтед е до јуни 2027, со опција истиот да биде продолжен за додатни 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×