Родри беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство, кое заврши со триумф на Шпанија во финалето против Аргентина. Шпанскиот репрезентативец уште еднаш покажа зошто важи за еден од најкомплетните играчи на денешницата и сосема заслужено го понесе признанието за најдобар поединец на турнирот.
Иако во септември 2024 година доживеа сериозна повреда, по која до почетокот на Мундијалот настапи како стартер на само 22 натпревари, Родри на светската сцена се врати во препознатлив стил. Со своите партии уште еднаш потврди дека неслучајно во кариерата ја освои и престижната „Златна топка“.
Неговите бројки на шампионатот се импресивни. Според податоците на „Опта“, уште пред финалниот меч Родри беше лидер во повеќе статистички категории. Во просек бележеше 94 успешни додавања по натпревар, најмногу меѓу сите фудбалери кои одиграле најмалку 400 минути на светските првенства.
Посебно се издвојува и неговата прецизност во додавањата. Пред финалето имаше успешност од 93,2 проценти, а по дуелот со Аргентина таа бројка дополнително се подобри. Во последниот натпревар комплетираше 95,3 проценти од своите додавања, реализирајќи 101 точно додавање од вкупно 106 обиди.
Освен во организацијата на играта, Родри доминираше и во дефанзивните задачи. Учествуваше во 26 дуели, што беше највисок број на целиот турнир, а четири од нив ги имаше во големото финале. Дополнително, ниту еден противнички фудбалер не успеа да го помине во ситуација еден на еден со топка, уште еден показател за неговото извонредно влијание во играта на новиот светски шампион.
Rodri's 2026 World Cup in numbers:
— WhoScored (@WhoScored) July 20, 2026
🥇 Touches (910)
🥇 Tackles won (18)
🥇 Total passes (811)
🥇 Accurate passes (756)
🥇 Forward passes (470)
🥇 Accurate final-third passes (204)
🥇 Open-play chances created by midfielders (11)
🥇 Highest-rated holding midfielder (7.30)… pic.twitter.com/hBiQT9uhBZ