412
Брера Струмица се пофали со ново младо име за втората полусезона, а тоа е Михаил Милевски.
Станува збор за млад перспективен фудбалер кој игра на повеќе позиции, од дефанзивата до средниот ред. Милевски доаѓа од редовите на Новаци, а претходно настапуваше за Охрид и Пехчево, потекнува од школата на Пелистер, додека имаше и авантура во хрватски Младост Клостар Подравски.
Инаку, Брера направи целосно регрупирање по заминувањето на странскиот спонзор. Речиси сите звучни и скапи имиња заминаа од клубот, а струмичкаат управа мораше да се потпре на млади имиња.