Брера со гол во финишот ја урна Струга и освои важни бодови во битката за опстанок

by Стефан
1 минути читање

Со погодокот на Леонардо Петровиќ во 88. минута, Брера стигна до минимална, но исклучително важна победа на гостувањето кај Струга (1-0).

Со овој триумф, струмичкиот тим ја прекина серијата од четири натпревари без победа и создаде значајна бодовна залиха во однос на конкурентите во долниот дел од табелата.

Брера сега има шест бода повеќе од Пелистер и седум повеќе од Работнички, на три кола пред крајот на сезоната. Дополнително, распоредот им оди во прилог, со оглед на тоа што во следните кола играат и против веќе испаднатиот Шкупи.

Покрај борбата за опстанок, Брера е и во позиција да обезбеди директен спас, бидејќи се доближи на само три бода до седмопласираниот Арсими, кој денес одигра 1-1 против Тиквеш.

Во Кавадарци, дуелот беше решен уште во првиот дел. Рамадани го отвори резултатот, а Гони донесе бод за Арсими, и покрај тоа што Тиквеш уште од 19. минута играше со играч помалку.

И двете екипи веќе го обезбедија опстанокот, но теоретски сè уште постои можност да бидат вовлечени во бараж-зоната.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×