Натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Арсими можно е да добие вечерен термин, доколку Фудбалската федерација на Македонија го одобри барањето на штипскиот клуб.
Од Брегалница веќе доставиле официјално барање до федерацијата средбата да биде закажана навечер и да се одигра под рефлектори.
ФФМ во наредниот период треба да донесе одлука и официјално да го потврди терминот за натпреварот, по што Брегалница ќе ја информира јавноста.
„Раководните луѓе во клубот поднесоа барање до Фудбалската Федерација на Македонија, мечот од второто коло во ПМФЛ против екипата на Арсими да се одигра во вечерен термин под рефлектори. Искрено се надеваме дека федерацијата ќе го прифати нашето барање, кое всушност е барање и на нашите верни фанови и поддржувачи. Благовремено ќе Ве известиме за одлуката на ФФМ и конечниот термин за мечот против Арсими“, велат од Брегалница.
Останатите информации кои ги соопшти штипскиот клуб во месечниот брифинг можете да ги прочитате – ТУКА.