Братучедот на газдата на Сити сакал да го купи Ливерпул!

by
1 минути читање

Според извори на „Би-би-си“, кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, роднина на шеикот Мансур кој е сопственик на Манчестер Сити, се обидувал да го купи Ливерпул.

Шеикот, Калед Бин Зајед Ал Нехајан имал неколку средби со сопствениците на Ливерпул, понудил дури две милијарди фунти за да го купи клубот, но бил одбиен.

Американските актуелни сопственици на Ливерпул го купија клубот во 2010 година за 300 милиони фунти. Сега клубот е проценет на 1,42 милијарди фунти.

Најскап клуб кој е купен останува Манчестер јунајтед за кој Малком Глејзерс во 2005 година даде 790 милиони фунти. Јунајтед сега се проценува на фантастични 2,9 милијарди фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани