68
Според весникот „Сан“, актуелниот сопственик на Њукасл, Мајк Ешли постигнал договор за продажба на клубот на Шеик од Дубаи.
Тој е член на кралската фамилија од Абу Даби, минатата година се обиде да го купи Ливерпул за две милијарди евра, но не успеа.
Ешли и во минатото се обидуваше да го продаде Њукасл, но безуспешно. Се верува дека сега се е договорено, а зделката во наредните денови ќе се официјализира.
Шеикот би требало да го задржи Рафа Бенитез и да му направи добар тим со кој ќе биде конкрентен во Премиерлигата, опстанокот нема да биде доведен во прашање. А по неколку години планот е Њукасл да се бори и за големи трофеи.