Братот на Пауло
Дибала, Густаво посочи дека постои добра шанса за офанзивецот да си замине од
Јувентус, поради потребата од промена во својата кариера, тој додава дека и
други фудбалери од тој состав не се чувствуваат удобно во таа екипа.
Се шпекулира дека
шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак, Масимилијано Алегри ќе го стави
на трансфер листата Аргентинецот за летниот преоден рок, а во интервју за
аргентинското радио шоу „Футболемико“, Густаво ја објаснува ситуацијата во која
се наоѓа неговиот брат.
„Да, постои добра
шанса тој да си замине од Јувентус, апсолутно, потребна му е промена“ вели тој.
„Не можам да
кажам каде би заминал, но, постои голема шанса да си замине, секако, тој не е
среќен таму, Пауло не е единствениот, многу други фудбалери не се чувствуваат
удобно во таа екипа“ открива Густаво.
„Тој нема да биде
единствениот кој ќе си замине од Јувентус ова лето“ вели тој.
Говорејќи на
темата „Кристијано Роналдо“, која подолг период се посочува како главна причина
што го сели Дибала далеку од Торино, Густаво вели дека Португалецот ни најмалку
не е проблем во оваа ситуација, но, потсети дека обајцата играат на слични
позиции.
„Кристијано е
предобра особа, никогаш немал проблеми со него, имаат одличен однос, меѓутоа
постојат одредени недоразбирања на тактички план, да не заборавиме дека
обајцата имаат слични позиции“ заклучи Густаво.