Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Босанската селекција со истиот состав ќе биде и во подготовките во кои на 29 мај ќе одигра и пријателски натпревар против Македонија, кој ќе биде последен тест пред заминувањето на Мундијалот.
Барбарез не направи поголеми изненадувања во изборот, па составот на БиХ се смета за очекуван и стабилен.
Голмани: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ
Одбрана: Амар Дедиќ, Никола Катиќ, Стјепан Раѓелиќ, Нидал Челик, Нихад Муакиќ, Тарик Мухаремовиќ, Сеад Колашинац
Среден ред: Амир Хаџиахметовиќ, Иван Шуњиќ, Бенјамин Тахировиќ, Џенис Бурниќ, Армин Гиговиќ, Ермин Махмиќ, Иван Башиќ, Амар Мемиќ, Керим Алајбеговиќ, Есмир Бајрактаревиќ
Напад: Самед Баждар, Јово Лукиќ, Харис Табаковиќ, Ермедин Демировиќ, Един Џеко
Светското првенство ќе започне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули. Босна и Херцеговина е сместена во група со Швајцарија, Канада и Катар.