Борусија Дортмунт
влезе во конкуренција за потписот на аргентинскиот фудбалски стратег Маурицио
Покетино кој се здоби со отказ на клупата на европскиот вицепрвак Тотнем пред
извесен период.
Покетино во
моментов е без ангажман, а медиумите пишуваат околу тоа каде би можел да
продолжи со својата тренерска кариера, многу клубови се наведуваат, а сега еден
од нив е Борусија Дортмунд, објави „Телеграф“.
„Телеграф“
известува дека во Борусија Дортмунд сериозно размислуваат како по Лусијен Фавре
кој се соочува со голем притисок, а токму во Покетино гледаат негов идеален
наследник.
Борусија Дортмунд
успеа да избори место во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а во моментов е
на третото место во „Бундеслигата“, меѓутоа и натаму неизвесна е иднината на
Фавре.
Освен „Милионерите“,
на Островот пишуваат дека Арсенал и Евертон исто така пријавиле интерес за
услугите на Покетино, а од поодамна се споменува и Манчестер јунајтед.