Фудбалерите на Борнмут и Манчестер Јунајтед одиграа нерешени 1-1 (1-0) во рамките на 34. коло на Премиер лигата.
„Црешните“ имаат за што да жалат, бидејќи долго време чуваа предност и потоа попуштија во самата завршница. Домашната екипа на „Виталити“ стигна до предност преку Антоан Семенио во 23. минута со голот за 1-0.
Во продолжението имаа „ѓаволите“ неколку шанси, а потоа Уатра погоди статива за Борнмут. Следуваше црвен картон за Еванилсон кој беше одлучувачки на средбата.
Се бранеше Борнмут до самиот крај, но пукна концентрацијата во 96. минута кога Расмус Хојлунд стигна до израмнувачки гол за конечните 1-1.