66
Македонија уште не знае каде ќе го игра своето дебитантско Европско првенство. УЕФА се уште не донела конечна одлука.
Според актуелниот распоред, Вембли треба да биде домаќин на едно полуфинале и на финалето, а Британскиот премиер, Борис Џонсон на УЕФА и рекол дека тие може да организираат колку и да треба натпревари, дури и целиот шампионат.
„Ние сме домаќини на мечеви од Европското. Кај нас се игра полуфинале и финалето“, вели Борис Џонсон.
„Доколку УЕФА сака да организираме и други мечеви, ние можеме да го направиме тоа. Можеме да ги организираме сите натпревари, но тоа зависи од УЕФА“.
Тој потврди и дека тие ќе испратат понуда за организација на Светското првенство во 2030 година.