Леонардо Бонучи
вели дека секогаш ги прифаќал свирежите од гледалиштето, но, тој додава дека
свирежите носејќи го националниот дрес на Италија за момент и го вознемириле.
Дефанзивецот на
Јувентус си замина од Милан по само една сезона мината во Милано, а во текот на
мечот со Португалија на Сан Сиро кој заврши без голови, тој доби свирежи од
секција на гледалиштето, па за време на пресконференцијата по мечот говореше и
на таа тема.
„Секогаш сум ги
прифаќал свирежите, никогаш не сум имал проблеми со тоа, но, овие кои ги добив
носејќи го националниот дрес, навистина ме вознемирија“ рече Бонучи, седејќи
веднаш до селекторот Роберто Манчини.
„Во овој случај,
ние сите сме дел од една иста екипа, ова не е клупски меч, ова е сосема различно,
никогаш не сум ги зимал работите на своја душа, но, не би сакал да добивам
свирежи претставувајќи ја мојата земја со 60 милиони луѓе во неа“ заклучи тој.