Бонучи им се извини на фановите на Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бонучи даде гол во првото коло и во голем стил го почна враќањето во Јувентус, но дел од фановите на шампионот не му го заборавија излетот во Милан, па не го прифатија најдобро.

На дуелот против Лацио, од навивачката трибина на Јувентус се слушаа свирежи кон Бонучи, додека фановите од остатокот од трибините со аплаузи се обидуваа да го покријат тој момент.

По крајот на мечот, Бонучи отиде пред навивачите кои го исвиркуваа и им се извини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани