101
Луис Енрике ги поминува последните месеци како тренер на Барселона, стратегот потврди дека ќе замине по крајот на сезоната.
„Сакам да ја завршам оваа прес конференција на поинаков начин. Соопштувам дека нема да бидам тренер на Барселона следната сезона“ – изјави Луис Енрике на прес конференцијата по мечот против Спортинг Хихон.
И покрај сите успеси кои и ги донесе на Барселона, оваа година притисокот кон Луис Енрике беше огромен, особено по поразот од ПСЖ со убедливи 4-0.