До претходното
шесто коло Евертон беше непоразен, меѓутоа налета на доста незгодниот
Саутемптон кој извлече победа од 2-0 на свој терен, а „Карамелите“ сега ги
очекува гостување против исто така незгоден противник, Њукасл.
Шефот на
стручниот штаб на Евертон, Карло Анчелоти дефинитивно е на големи маки во
склопувањето на составот за гостувањето на „Сент Џејмс Парк“, ќе ги нема на
располагање Дињ, Колман, Холгејт, Ришарлисон, а поради повредата здобиена по
судирот со Ван Дајк во дербито со Ливерпул, ќе отсуствува и Хамес Родригез,
потврди самиот Анчелоти.
„Хамес нема да
биде на располагање да настапи на овој натпревар, а веќе го имаме Колман во
аут, исто и Ришарлисон, како и Дињ кој е суспендиран…“ изјави Анчелоти.
„Родригез ги
одигра сите натпревари, има мал проблем, потребен му е одмор на овој натпревар,
а ќе биде на располагање од следниот“ додаде Италијанецот.
Како за
потсетување, Анчелоти под голем знак прашалник го стави Хамес претходното коло,
меѓутоа Колумбиецот на крајот ги одигра сите 90 минути, се чини дека овој пат
ситуацијата е мошне посериозна.
Хамес се повреди
во еден директен судир со Вирџил Ван Дајк откако Холанѓанецот не беше ни малку
нежен во тој дуел, по што Колумбиецот се здоби со повреда на тестисите.