Битолчани кренаа глас за иницијативата на вардарци: Арената не е објект на клубот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иницијативата јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ да го носи името на легендарниот Васил Рингов предизвика реакции во јавноста, а најгласни се навивачите на Пелистер.

Само еден ден по предлогот од таборот на Вардар, на познатата фан-страница „И моето дете ќе навива за Пелистер“ беше објавен став против ваквата идеја.

Со цела почит према името ,,Васил Рингов” и неговата кариера, но овај стадион е НАЦИОНАЛНА АРЕНА. Националната Арена не е објект на еден клуб, таму кој сака да игра си плаќа за тоа. Извршниот директор (не сакаме име да му споменеме), може вакви барања да поднесува за она што имовина на клубот кој што го води (ако воопшто имаат имовина), некаков тренинг центар или слично, а за тоа што е ДРЖАВНО И НАЦИОНАЛНО, нема што еден клуб да бара вакво или такво име“.

Во реакцијата се додава дека не се согласуваат ниту со сегашното име на арената, која го носи името на Тодор Проески.

Точно е дека не се согласуваме арената да се вика ни ,,Тодор Проески”, затоа што сметаме дека тоа повеќе му прилега на универзална сала, дом за култура итн., но името на стадион или трибина да се преименува на секои 10-15 години и тоа по желба на некакви клубови и извршни директори е надвор од здрав разум“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×