На Националната арена „Тодор Проески“ вечерва од 20 часот ќе се одигра големото финале на фудбалскиот Куп на Македонија, каде за трофејот ќе се борат Вардар и Струга Трим Љум.
На еден час пред почетокот на првиот свиреж, познати се и почетните состави на двата тима. Тренерот на Струга, Илчо Ѓоргиоски, одлучи натпреварот да го започне без својот најдобар стрелец Ланре Кехинде, што е изненадување.
Во редовите на Вардар, нападот ќе го предводи Омерагиќ, додека Мато и Спахиу ќе го започнат мечот од клупата.
Почетни состави:
Вардар: Талески; Јанкулов, Матиќ, Сенгор, Маневски; Тодоровски, Босанчиќ; Донгмо, Талевски, Закариќ; Омерагиќ
Струга: Ќосевски; Влајковиќ, Илиевски, Кривањева, Радиќ; Касами; Укпа; Радески, Бојку, Шабани; Хамза