Јирген Клоп
синоќа се спречкал со помошникот на Карло Анчлеоти, Данкан Фергусон. Расправијата
крај аут линијата настанала откако тренерот на Ливерпул барал пенал, а Данкан
Фергусон се насмеал од потегот на Германецот.
Новинарот Жулен
Лорен вели дека Клоп почнал да се дере „Што се смееш?“ а Шкотот возвратил,
„Смееме и ние да кажеме нешто или само ти можеш да зборуваш?“.
Во расправијата се замешал и десниот бек Шејмус Колман.
Евертон на крајот
победи со 0-2, прв триумф на Енфилд по 1999 година, па по крајот на мечот имаше
големо славје во соблекувалната.
Argument Duncan Ferguson – Jurgen Klopp on the touch line after the Liverpool penalty shout. « Why are you laughing? » Klopp shouted at Ferguson who had a big grin on his face! « We are allowed to talk or is it just you Jurgen? » intervened Seamus Coleman!
— Julien Laurens (@LaurensJulien) February 20, 2021