588
Фудбалскиот клуб Вардар ќе се судри со Црвена Звезда во хуманитарен натпревар, а сите средства од билетите ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани.
Картите за овој натпревар досега се продаваа само онлајн преку сајтот на Вардар, меѓутоа од клубот соопштија дека продажба ќе има и на стадион. Билетарата на „Градски“ ќе работи од 16:00 до 18:00 часот и ќе се продаваат карти за средбата.
Според досегашните информации, продадени се околу 20.000 билети за натпреварот, а се очекува бројката да порасне до стартот во 20:00 часот.