На последното тестирање во Премиерлигата, има 18 позитивни случаи од околу 1500 тестови. Тоа е најголема бројка досега.
Беше одложен мечот меѓу Евертон и Манчестер Сити, а неизвесен е и вечерашниот дуел меѓу Тотнем и Фулам.
Сем Алардајс кој неодамна го замени Славен Билиќ на тренерското столче на ВБА, бара да се прекине сезоната поради новата мутација на коронавирус.
„Кога ги слушнав вестите за новата варијанта на коронавирус со која сега тој побрзо се шири, сметам дека најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја прекинеме сезоната. Имам 66 години и последната работа која ја сакам е да се заразам со корона вирус“, изјави Сем Алардајс по мечот со Лидс во кој неговиот тим загуби со 5-0.
За разлика од него, Оле Гунар Солшер не гледа како прекин на лигата би било од корист.
„Не можам да видам корист од тоа ако привремено ја прекинеме лигата. Кога ќе ги играме тие натпревари? Сите знаеме дека оваа година е тешка, но не мислам дека прекинување на натпреварите би направило некоја голема разлика“, вели Солшер.
„Скај Спортс“ пишува дека засега Премиерлигата не разговара за можен привремен прекин на сезоната.