Биелса застана во одбрана на Алиоски

by
1 минути читање

Лидс загуби со 3-0 на гостувањето кај Тотнем, а првиот гол го прими од пенал. Прекршокот за најстрогата казна го направи Алиоски кој го собори Бергвајн.

„Алиоски не е виновен за пеналот, јас се чувствувам одговорен затоа што во мечот имаше ситуации кои му направија проблеми, тоа е поради нашата организација“, изјави Биелса.

Голем дел од вината за пеналот носи и голманот на Лидс, Мелие кој направи сериозна грешка по која се создаде ситуацијата во која Алиоски го направи пеналот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×