Париз ќе биде голем тест за Лионел Меси и Барселона. ПСЖ е многу силен тим, а дополнително кај гостите ќе недостасуваат Хавиер Маскерано и Арда Туран. Но Барса победи на последните три натпревари против францускиот клуб, секогаш со два гола разлика.
Бенфика и Борусија Дортмунд исто така ќе играат во вторник. Стадионот Луж е голема предност за Бенфика, во последните 365 дена имаат загубено само еднаш на свој терен. Клубот од Германија ќе има тешка задача во Португалија.
Во среда натпреварите ќе се играат во Мадрид и Минхен. Реал ќе игра против Наполи и ќе се обиде да дојде до добар резултат против своите навивачи. Единствената меѓусебна пресметка на овие екипи беше во првото коло од Европскиот куп на шампион во 1987/88, тогаш Реал Мадрид победи со вкупни 3-1. Диего Марадона беше капитен на Наполи а во среда на Сантијаго Бернабеу ќе биде еден од навивачите на италијанскиот тим. Може ли присуството на Аргентинецот да биде дополнителна мотивација за играчите на Наполи?
Баерн има десет победи во последните 11 официјални натпревари и има добри спомени од Арсенал. Кога последниот пат топчиите беа на Алијанц Арената, Баварците победија со 5-1 во групната фаза во ноември 2015.
BetAdria.com Ви нуди одлични коефициенти и многу различни игри за секој меч. Уживај во фудбалот и заработи пари со BetAdria!