Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.
Русија – Хрватска: Победа или реми за гостинот
Во Сочи, домаќинот Русија се среќава со Хрватска. Целата нација е на нозе по драматичната победа над Шпанија на пенали, па ќе се надева на ново чудо и пласман помеѓу четирите најдобри за прв пат по 1966 кога на мундијалот настапуваа како Советски сојуз. Хрватска пак ќе се обиде да го повтори успехот на генерацијата од 1998 која заврши како четвртa или пак да го подобри ова постигнување, со оглед на тоа дека во составот на Златко Далиќ има голем квалитет и неколку звучни имиња кои со години играат на највиско ниво. „Зборнајата“ денеска ќе биде без Јури Жирков, но во составот се враќа Алан Дзагоев кој доживеа пех на отварањето и заработи повреда на задната ложа против Саудиска Арабија. „Коцкастите“ немаат проблеми со повреди, Иван Стриниќ е ок и покрај проблемите против Данска, иско како и Матео Ковачиќ кој се жалеше на повреда на рамото. Русија и Хрватска се имаат сретнато во три наврати до сега, од кои два меча во рамките на квалификациите за ЕВРО 2008 завршија без голови. Хрватска го доби третиот меч со 3-1, кој беше пријателски и се одигра во ноември 2015. Русија одигра прилично дефанзивно против Шпанија, односно го паркираше автобуст, фудбал кој не е убав за око но им донесе резултат. Черчесов веројатно ќе го препише истиот рецепт и за вечерашниот дуел со Хрватска. „Коцкастите“ откако беа извонредни во групата, потфрлија во дуелот со Данска во осминафиналето, па ако сакаат пласман помеѓу четирите најдобри ќе мора драстично да го подигнат нивото. За очекување е тесен и неизвесен натпревар, но Хрватска има квалитет да го реши во своја корист.
Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.
Шведска – Англија: Победа или реми за гостинот
Во Самара, Шведска ќе се сретне со Англија за место во полуфиналето. Мечот вчера на интересен начин го најавија двете легенди, Златан Ибрахимовиќ и Дејвид Бекам, кои направија интересна опклада на социјалните мрежи. Атмосферата во таборот на „Трите Лава“ е на високо ниво откако обезбедија пласман помеѓу осумте најдобри по СП 2006, а и за прв пат во историјата победија на пенали на Светските првенства. Но нема простор за опуштање бидејќи Шведска во Русија покажа дека е незгоден противник. За денешната пресметка, Англија има неколку прашалници откако по мечот со Колумбија на повреди се пожалија Деле Али, Ешли Јанг, Кајл Вокер и Џејми Варди. Сите овие играчи ќе имаат доцен фитнес тест по кој ќе биде одлучен за нивната инволвираност. Што се однесува до Шведска, Себастијан Ларсон се враќа во составот откако паузираше еден меч поради суспензија, но Микаел Лустинг ќе паузира поради жолти картони. Ова ќе биде 25та пресметка помеѓу двете репрезентации, Англија има осум победи, Шведска триумфирала во седум навреди, додека пак девет меча завршиле со нерешен исход. На Светските првенства Шведска и Англија се имаат сретнато два пати, и во двата наврати немало победник (реми од 1-1 во 2002 и реми од 2-2 во 2006). За Англичаните сепак загрижува тоа што имаат само две победи на последните 15 пресметки со Шведска. „Викинзите“ одличната игра во Русија ја базираат на цврстата одбрана, избраниците на Јане Андерсон примија само два гола на мундијалот, најмалку од екипите кои сеуште се борат за златото. Англија ќе треба да одигра многу внимателно, да не прими гол на контри бидејќи во противничкиот табор има неколку квалитетни играчи во офанзивата. Квалитетот е на страната на „Гордиот Албион“ и се чини дека избраниците на Саутгејт на крајот ќе се изборат за полуфинале.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.